Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, објави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и видео записи.
Тошковски не ги откри мотивите и рече дека повеќе информации ќе се соопштат во текот на денешниот ден. Неофицијално претресот е вршен во населбата Автокоманда.
Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“.
Можеби ќе ве интересира: