Двајца пациенти ја изгубија битката со коронавирусот во велешкиот ковид центар. 66 годишен пациент кој имал вирусна пневмонија, хипертензија и дијабет, и 72 годишен пациент кој имал акутна бубрежна слабост се починати.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 45 пациенти, што е за четири пациенти помалку од вчерашниот ден. 34 имаат позитивни тестови, двајца пациенти се сомнителени на вирусот, а девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 16 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение и во Модуларната болница се сместени по 20 пациент, и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат пет пациенти. Во последните 24 часа се хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од ковид-19, испишан е еден пациенти со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: