Две тепачки биле пријавени вчера во велешка полиција. Во првиот случај 25 годишен велешанец пријавил дека тој и неговиот татко биле физички нападнати од 41 годишен велешанец, а во вториот случај, 36 годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом била нападната 34 годишна жена од Велес, соопшти полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
„На 20.01.2022 год. во СВР Велес Е.М.(25) од Велес пријавил дека на 19.01.2022 год. околу 02.30 часот тој и неговиот татко биле физички нападнати од Е.Д.(41). На 20.01.2022 год. во СВР Велес 36-годишна велешанка пријавила дека на 13.01.2022 год. околу 20.00 часот во нејзиниот дом била физички нападната 34-
годишната А.Б. од Велес“, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на двата случаја ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: