Две тепачки се регистрирани викендов во Велес. Првата се случила во саботата, среде бел ден, кога во населба Тунел, бил нападнат 54-годишен велешанец .
„На 26.09.2020 околу 16.45 часот во СВР Велес, С.М.(54) од Велес пријавил дека на ул.„Наце Димов“ во Велес бил физички нападнат од Р.Н.“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Втората тепачка се случила десетина часа подоцна, односно во неделата наутро, во близина на училиштето Васил Главинов. Во овој инцидент тројца нападнале еден 43-годишен велешанец.
„На 27.09.2020 околу 02.30 часот во СВР Велес, З.Т.(43) од Велес пријавил дека на ул.„Борис Трајковски“ бил физички нападнат од три лица“, рече Додевски.
Се работи на расчистување на случаите, а по целосно документирање ќе бидат поденесени соодветни пријави.
Можеби ќе ве интересира: