Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19.
Состојбата по градови изгледа вака
Скопје – 140, а двоцифрени бројки заболени има и во Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10. Во неколку други градови бројката на заболени е едноцифрена.
Починати се вкупно пет починати, два пациенти биле од Струга (71г и 67г), а по еден смртен случај има во Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти починале во болнички услови, информираат од министерството.
За истиот период регистрирани се 122 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.
Можеби ќе ве интересира: