Двојно убиство во Скопје, еден од убиените добро познат на полицијата

policija svetla

Двајца се убиени, а еден е повреден во пресметка синоќа во кафуле на влезот на старата скопска чаршија од страната на Калето.

Zito akcija 640x289px

Околностите под кој се случил настанот укажуваат дека станува збор за однапред направено сценарио, со точно одредени жртви. Еден од нив е и наркобос кој се поврзува со Грчец, Јетон Кривањева викан Жила. Неговото име во јавноста се поврзуваше и со други инциденти во минатото.

Agria

Според првичните информации од полицијата и од дежурниот јавен обвинител неколку маскирани лица со огнено оружје влегле во кафулето нешто по 20 часот и пукале кон двајца кои починале на лице место, додека повредениот бил пренесен во болница со прострелни рани.

Напаѓачите избегале со возило, кое според полициски информации подоцна било најдено запалено.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36645/od-polnok-poskapuvaat-gorivata-2/