Еден нов случај на ковид 19 во Велес регистрираше Институтот за јавно здравје на Македонија.
Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Најмногу во Скопје 105, Куманово 26, Тетово 13, Штип 15, Гостивар 8, Гевгелија 2, Дебар, Струга, Битола,Охрид,Валандово, Св. Николе, Неготино и Велес по еден нов случај.
Истовремено, осум пациенти се излекувани, а починаа двајца позитивни на Ковид-19. Еден од Скопје и еден од Куманово.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.789, а на починати 149.
Поврзани вести: