Еден починат и висок број на новозаболени од ковид-19 во Велес

veles

Висок број на новозаразени велешани во последните 24 часа. Дури 25 велешани влего во ковид статистиката на Министерството за здравство, оздравени се 17, Сепак еден 77 годишен велешанец ја загубил битката со вирусот. Бројот на активни случаи во градот е 236.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци –  32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 244 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември.

Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18693/video-se-pojavi-video-od-napadot-na-veleshaneczot-nad-prodavachkata-vo-veleshki-market/