Еди Рама: Не сакаме да им кажуваме на луѓето да останат повторно дома

Edi Rama
Edi Rama

301 случај а четворица пациенти починаа соопшти министерството за здравство на Албаниј. Бројката на активвни случаи во моментов изнесува 6.968 случаи, а заразените претежно се од Тирана, Драч и Скадар.

Zito akcija 640x289px

Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.407 лица, а 110.189 од почетокот на пандемијата, пренесува албанскиот портал „Егзит“. Од почетокот на пандемијата, 17.651 лице се разболеле од коронавирусот, а 458 луѓе починале како резултат на вирусот.

Agria

Еди Рама албанскиот премиер изјави дека ги презема сите мерки за да се избегне второто затворање на земјата поради вирусот. За време на јавната презентација на мрежата на инспектори, кои ќе ги предупредат граѓаните да носат маски и да ги почитуваат мерките, тој рече дека по секоја цена ќе се обиде да го избегне тоа.

Рама кажа дека владата на Албанија има две цели – да спречи ширење на Ковид-19 и да избегне затворање на земјата, од која стравува целиот свет.

„Не сакаме да ја затвориме земјата, не сакаме да им кажуваме на луѓето да останат дома повторно“, рече Рама.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: