Един Етоски ќе игра за Македонија У17 во евро-квалификациите

edin-etooski-makedonija-u17

Пред една недела, талентираниот фудбалер, Един Етоски потпиша младински договор со актуелниот првак на Швајцарија, екипата на Јанг Бојс. Тоа беше повод селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години, Дашмир Беари да го повика на прелиминарниот турнир квалификации кој се одржува во Малта, за ЕП 2024-та на Кипар.

Содржината продолжува под рекламата

Квалификациите Македонија ги започнува со денешниот натпревар против Словачка закажан за 14.30 часот. Во 2 коло закажано за сабота (28 октомври), Македонија ќе игра против топ фаворитот Шпанија која денеска ја победи Малта со 7-0. Домашната селекција на Малта ќе биде последен противник во мечот закажан за 31 октомври (вторник).

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Директен пласман во следната рунда ќе обезбедат двете прво пласирани селекции, како и петте најдобро трето рангирани селекции од сите групи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: