Единаесет американски сојузни држави го забранија воведувањето ковид-пасош

Вајоминг им се придружи на другите американски сојузни држави, меѓу кои се Алабама, Минесота, Јужна Каролина, Арканзас, Аризона, Флорида, Ајдахо, Монтана, Тексас и Јужна Дакота, што досега или донесоа закони или издадоа наредби за да го спречат воведувањето на ковид-пасоши.

Zito akcija 640x289px

Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, ги забрани ковид-пасошите со издавање на директива според која на никого не смее да му се забранува пристап до места или услуги врз основа на статусот на вакцинација.

Agria

– реклама –

– реклама –

Во директивата на републиканецот Марк Гордон се наведува дека „програмите за ковид-пасош можат потенцијално да ја политизираат одлуката што не смее да се политизира“

​„Со тоа ние ќе ги поделиме нашите граѓани во ситуација кога е потребно единство во борбата против вирусот и ќе им наштетиме на оние кои медицински не се во можност да примат вакцина“, забележа Гордон.

Гордон додаде дека вакцината е „личен избор, темелен на лични околности“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: