Една година од убиството на тинејџерката Вања Ѓорчевска

Vanja ubiena

На 27 ноември, минатата година, 14-годишната Вања Ѓорчевска беше грабната, па свирепо убиено кај местото викано „Дупки“ во близина на скопското село Бразда. Во тек е судскиот процес, кој треба да даде одговор зошто девојчето беше убиено, и кој сè стои зад злосторството кое ја вознемири јавноста.

Zito akcija 640x289px

Шест дена целата македонска јавност живееше во страв, но и надеж дека потрагата ќе има среќен крај и дека 14-годишната Вања Ѓорчевска ќе се врати дома здрава и жива, но сепак на 3 декември осамна веста дека Вања е пронајдена мртва.

Agria

По веста дека Ѓорчевска е пронајдена мртва, во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде учеше Ѓорчевска беше отворена книга на жалост каде се потпишуваа родители, познаници, но и соученици.

Првообвинет за убиство и грабнувањето е Љупчо Палевски Палчо, а заедно со него на обвинителна клупа седнаа и Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски, како и Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања. Обвинетите за свирепото злосторство може да добијат казна доживотен затвор, додека пак на таткото Александар кој е обвинет дека давал информации каде е неговата ќерка, му се заканува казна затвор од 10 години.

Во обвинението се наведува дека на 27.11.2023, обвинетите, помогнати од таткото на Вања, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски-Борче“ во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото наречено Дупки, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното лице. Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот пршлен.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска започна во септември, речиси една година од нејзината смрт. На првото рочиште сите петмина обвинети се изјаснија за невини.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: