Едноцифрена бројка на заразени пациенти во Велес

veles
veles

Девет велешани се позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Тие се дел од 404 нови случаи со ковид-19 во земјава во последното деноноќие, кои ги регистрира Министерството за здравство. Во истиот период се направени и 2727 тестирања.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови е следна:

Agria

Скопје 180-Охрид 32 -Кавадарци 19 -Куманово 16 -Битола 15-Струмица 15 -Струга 15 -Прилеп 11 -Тетово 10 -Велес 9 -Штип 8 -Дебар 7 -Ресен 7-Кочани 6 -Гевгелија 6-Делчево 6-Гостивар 5 -Кичево 4 -Неготино 4-Крива Паланка 4-Радовиш 4 -Берово 4-Пробиштип 4-Валандово 4-Крушево 2 -Свети Николе 1 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 1-Кратово 1 -Македонска Каменица 1 -Дојран 1.

Во изминатите 24 часа, починати се 8 лица:

2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 101 оздравени пациенти:

Скопје 39 -Велес 10 -Ресен -Куманово 9 -Гостивар 6 -Битола 5 -Кичево 5 -Струмица 3 -Прилеп 2 -Штип 2-Кавадарци 2 -Свети Николе 2-Неготино 2 -Тетово 1-Крива Паланка 1 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 1-Македонски Брод 1.

Досега во Македонија се направени вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: