Борачот на Боречкиот клуб Борец, Ердин Зејнелов го освои седмото место на Европското првенство во борење до 15 години во категоријата до 75 килограми кое се одржа во Загреб. Во конкуренција во оваа категорија се натпреваруваа 17 натпреварувачи.
Зејнелов во осмина финалето го победи доминантно шампионот на Бугарија Каан Демиров со 14-8, додека за влез меѓу четирите најдобри се бореше со шампионот на Турција Хакан Саритас од кој изгуби 6-0. Тој немаше среќа преку репасаж да го подобри учинокот на ЕП, затоа што Саритас не се пласира во финалето.
Содржината продолжива под рекламата
Велешанецот остана забележан кај сите со своите атрактивни борби и достојно ја престави Македонија, Велес и клубот во Европа. Од клубот најавија дека следна цел е медал од Балканското првенство кое ќе се одржи во месец октомври оваа година.
Можеби ќе ве интересира: