Еуросупер БС-98 поскапува од полноќ, другите горива со непроменети цени

gorivo-benziska

 

Од полноќ вечерва стапува на сила поскапувањето на горивото Еуросупер БС-98 за два денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 77,5 денари за литар.

Регулаторната комисија соопшти дека цените на останатите горива ќе останат непроменети. Цените на Еуросупер БС-95, Еуродизелот, Екстра лесното масло за домаќинство, како и Мазутот, продолжуваат да се формираат според досегашните тарифи.

Agria

Оваа промена доаѓа како дел од редовната корекција на цените на нафтените деривати што ја спроведува Регулаторната комисија за енергетика.​​​​​​​​​​​​​​​​

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: