Фановите на англискиот клуб Ливерпул од Македонија – RedScouser Macedonia покрај тоа што организираат заедничко гледање на фудалскиот натпревар од лигата на шапионите против Реал Мадрид подготвија и хуманитарна акција на која што секој ќе може да си купи блуза а сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите во земјотресот кој се случи во Турција и Сирија
„Тој што сака да нарача треба да го контактира Стефан Штрков на ФБ месинџер или на телефон 077566674, да каже големина и боја на блуза, име, презиме, град, и телефонски број, како и дали ќе си ја подигне на собирот или да му се прати по карго. Крајниот рок за нарачки е 14ти Феб“, се вели официјалното соопштение на организаторите.
RedScouser Macedonia заедно со Dirty old Town- Битола се надеваат да имаат голема бројка на продадени блузи, а со тоа и солидна бројка на собрани средства кои ќе бидат донирани во Турција и Сирија.
Можеби ќе ве интересира: