Велешката полиција поднесе кривична пријава за разбојништво против 32-годишен маж, откако утрово го уапси и го приведе во полициска станица. Според наши извори, по неколкудневна потрага, полицијата го фатила осомничениот разбојник на спиење, на таван во куќата на неговата баба. Тој е осомничен дека пред три дена претепал старица во месноста „Дворови“, откако влегол во нејзината куќа да краде.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против У.Ф.(32) од Велес поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 06.04.2022 физички ја нападнал К.Н.(77) во нејзината куќа во Велес и ѝ одзел пари“, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Наши извори велат дека уапсениот У.Г. е дел од групата разбојници и крадци, кои ги тероризираат граѓаните на Велес, посебно оние кои живеат на левата страна од градот. Пред неколку дена објавивме видео, на кое се гледа човек кој краде билнаци со ракија од подрум на куќа во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Граѓаните се жалат дека кражбите и разбојништвата се секојдневие. Пред неколку дена тие се организираа и испратија петиција до велешката полиција за нејзин поголем ангажман во обезбедување на редот, мирот и безбедноста на граѓаните. Според истите извори, полицијата деновиве влегла во трагата на разбојниците и крадците и, како што велат, прашање на време е кога сите ќе бидат уапсени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Можеби ќе ве интересира: