Полицијата уапси 51-годишен човек, вработен во Специјалниот завод во Демир Капија, бидејќи сексуално злоупотребувал штитеничка на установата. Тој бил „жив“ фатен како бакнува и допира лице, кое било сместено на третман во Специјалниот завод.
„На 10.08.2020 во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа „Специјален завод“ во Демир Капија, бил затекнат Б.А.(51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
51-годишниот човек е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: