Фатен велешанецот кој ограби мигранти, доби 30 дена притвор

Migranti 13.06.2020

Велешанецот кој со закана од оружје пред две недели ограби мигранти е уапсен вчера, откако од моментот на разбојништвото беше во бегство. Обвинителството побара, а судија на претходна постапка прифати, на осомничениот да му се изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Zito akcija 640x289px

Основното јавно обвинителство во Велес донесе наредба и за спроведување на истражна постапка против велешанецот, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво.

Agria

Органите за прогон го идентификувале разбојникот по неговиот телефон, кој еден од ограбените мигранти успеал да му го одземе и потоа да го предаде на полицијата.

„Осомничениот на 09.06.2020 година со патнички автомобил, заедно со дете како сопатник, се движеле во правец од с.Караслари кон Велес при што забележале дека по патот пеш се движат две лица – мигранти. Тој го сопрел автомобилот и им понудил на мигрантите да ги превезе до границата со Србија каде што биле упатени. Кога со автомобилот стигнал до фабриката „Димко Митрев“ околу 19.30 часот, осомничениот побарал мигрантите, по потекло од Авганистан, да му дадат 200 евра. Откако тие не се согласиле, осомничениот им се заканил дека ќе извади оружје и ќе ги убие. Исплашен од упатените закани, еден од оштетените на осомничениот му дал 200 евра, по што осомничениот заедно со детето влегол во автомобилот за да замине. Во тој момент, еден од оштетените мигранти успеал да  го одземе мобилниот телефон на осомничениот  кој подоцна при пријавувањето на настанот го предал на овластените полициски службеници во СВР Велес“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Велес.

Со оглед на фактот дека од денот кога го извршил кривичното дело се до 21.06.2020 година осомничениот се криел, како и дека постои можност да избега, да влијание врз сведоци  и да ја попречува истражната постапка, обвинителството до Судот поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судија на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифати предлогот на обвинителството, па донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Поврзани вести:

https://batali.net/6817/so-kamena-im-go-iskrshile-voziloto/