Фероинвест почна со изведба на батереиски системи за домаќинства, до 98% помали сметки за струја

Prezentacija Bateriski sistemi Fero Invest 1


ФЕРО ИНВЕСТ започна со изведба на Батериски системи за домаќинствакако начин за драстично намалување на месечните сметки за електрична енергија на домаќинствата кои имаат голема потрошувачка.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Со батерискиoт систем на ФЕРО ИНВЕСТ, кој содржи интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата, објектите стануваат независни од електричната мрежа и имат напојување дури и кога ,,нема струја”, односно во случај на дефект во мрежата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како функционира системот?
Софтверското решението на ФЕРО ИНВЕСТ, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано во последните две години, во моментот претставува единствен модел за правилно дневно распоредување и целосно искористување на вишокот електричната енергија добиена од сонце, со што батерискиот систем работи според потребите на корисникот и остварува најголеми заштеди. Софтверското решение може да се примени на домаќинства, комерцијални згради, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.

Фотоволтаични панели поставени на објектот се поврзуваат со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и со центарот за мониторинг на ФЕРО ИНВЕСТ.

Решението обезбедува енергетска независност на објектот. Имено, во текот на денот, кога постои поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, наместо да се влече електрична енергија од мрежа, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Во објектот има панел на кој корисникот постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда.

 Големи заштеди и енергетска независност 
Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем со вклучено софтверското решение на ФЕРО ИНВЕСТ, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%.

Нашата компанија веќе има инсталирано батериски системи во објекти, со кои се докажа дека домаќинствата може да бидат над 90% енергетски независни од мрежата.

Домаќинствата кои со својата потрошувачка го надминуваат Блок 2 и влегуваат во Блок 3 и Блок 4, а особено оние на кои значаен дел од потрошувачката им е во Блок 4, се домаќинствата кои ќе имаат најголема корист од батериските системи. ФЕРО ИНВЕСТ нуди батериски системи и за домаќинствата кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични панели, а за оние кои немаат, ФЕРО ИНВЕСТ нуди „клуч на рака” решение и изведба и за фотоволтаиците.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: