Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Zito akcija 640x289px

Сопственикот и управител на ЕМС (Energy Maintenance Solution), Тодор Анѓушев, учествуваше на Конференција на тема „Модернизација на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Северна Македонија“, каде говореше на панелот „Складирање на енергија – предизвици и можности за македонскиот, албанскиот и косовскиот енергетски сектор“.

Agria

Конференцијата ја организираше Македонско-германското стопанско здружение, а под покровителство на германското министерство за економија.
Фероинвест, ЕМС, Аквават и другите фирми од групацијата имаат долгогодишно исуство во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, и од страна на Тодор Анѓушев на панелот беа споделени корисни искуства и увиди од процесите преку кои се граделе електраните на групацијата, како и предизвиците кои стојат пред државата како дел од енергетската транзиција, при што акцентот се стави на имплементација на батериските системи.

По конференцијата, остварени беа и посети од германски компании во седиштето на Фероинвест и ЕМС, каде тие се запознаа, пред се’, со управувањето на електраните од еден центар, нивното мониторирање 24 часа и организирано одржување на терен, без оглед дали станува збор за сопствени или за електрани на клиенти.

Со германските компании беше разговарано за помошта која можат да ја понудат, преку имплементирање на модерни софтверски решенија од последната генерација, а кои ќе ја подобрат предвидливоста во производството на електрична енергија од обновливи извори.

Производството од овие електрани зависи од временските прилики: сонце, ветер, врнежи итн., што го прави тешко за прецизно предвидување, а со тоа и за максимално искористување на нивната енергија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: