Претседателот на СДСМ Венко Филипче му порача на премиерот Христијан Мицкоски, доколку има сознанија за можна дестабилизација, веднаш да ги сподели со надлежните институции.
„Доколку Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции. Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес.
Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи.
Можеби ќе ве интересира: