„За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што очигледно е дека потребно посебно во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат да продолжиме со интензивна работа. Во тој контекст најавувам политички-кадровски промени во раководството после изборите за што ќе бидете известени“, рече Филипче одговарајки на новинарски прашања.
Тој рече декакажа се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции и оти поради тоа работеле во тешки околности.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг од локалните избори.
Тој нагласи дека поддршката нема да се заснова на етничка припадност, туку на политички ставови и вредности.
„Мултиетничкиот карактер и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет“, додаде тој



















