
Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Универзитеткста клниника за гинекологија и акушерство утрово им ја честита на граѓаните новата година и посака во 2021 да има убави вести како веста од почетокот на годината, каде што по полноќ се родиле две здрави машки бебиња, а по нив и едно женско.
„Годината што измина, беше кризна година, каква што светот не памети во изминатите најмалку 100 години. Кризна година, еден голем предизвик, не само за здравствениот, туку и за економскиот и социјалниот систем. Година во која граѓаните покажаа и докажаа што значи да се има верба во институциите и благодарение на таа верба и почитувањето на мерките, сега има стабилна епидемиолошка ситуација, се помал број на новозаразени од коронавирусот. Болниците се празнат и посакувам овој тренд да продолжи и понатаму“, рече министерот министерот Венко Филипче.
Филипче се заблагодари на граѓаните за вербата во институциите, за нивното трпение и почитувањето на сите превентивни мерки.
Можеби ќе ве интересира:
