
Република Северна Македонија во февруари ќе ги добие првите дози од вакцината на „Фајзер“, соопшти пред малку министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи.
Според него, денеска попладне постигнат е директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели.
„Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели“, соопшти Венко Филипче.

Министерот Филипче додаде дека ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.
Можеби ќе ве интересира:
