
Министерот за здравство на денешната прес конференција информираше дека во понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина
Тој посочи дека во текот на вчерашниот ден Владата на затворена седница го усвоила Договорот за набаква на вакцини од Кина и го задолжила Министерството за здравство.
„Ние ќе го потпишеме во понеделник, после што се надевам дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Ние интензивно работиме и на обезбедување на соодветен начин на транспорт. Тоа значи дека станува збор за 200.000 вакцини, како што веќе најавивме“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот истакна дека во текот на изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација.
Очекувањата на здравствените власти се дека дневно ќе се вакцинираат до 2.500 граѓани. Секој граѓанин што ќе се вакцинира, ќе добие потврда за примена вакцина, а здравствените власти апелираат особено граѓаните кои спаѓаат во ризичната категорија да се имунизираат со вакцините против Ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: