Физикално одделение започна да се полни со пациенти, и денес еден починат од ковид-19

bolnica veles

Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 101. Од нив, 88 имаат потврдени позитивни тестови, пет пациенти се сомнителни на вирусот, и осум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.

Zito akcija 640x289px

На кислородна поддршка се 46 пациент. На инфективното оддееление има 44 пациенти, на интерното 10 во Модуларната болница се лекуваат 41 пациенти, а на физикалното одделени шест.

Agria

Испишани се шест пациенти како оздравени  со по еден негативен тест.

Еден пациент на 54-годишна возраст е транспортиран за Скопје во приватната болница Жан Митрев.

Од болницата информираат дека починат е маж на 53 г.возраст од с.Мартолци, позитивен лекуван еден ден во Модуларната болница.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19886/vazhna-pobeda-za-borecz-basket-vo-borbata-za-plejof/