Фудбалскиот клуб Борец доби нови сопственици. Во следните пет години клубот ќе го раководат две фудбалски академии – школата “Кул” од Скопје и “Академија Нацев” од Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Првите луѓе на овие школи, Рацо Цветановски и Марјан Нацев ќе бидат на чело на новата управа на ФК Борец. Тие ќе имаат тешка задача да го спасат клубот од излегување од Втората фудбалска лига. На полусезоната Борец е на последното место, без ниту еден бод, дури 13 помалку од Каменица Саса која е на позицијата која води во бараж за опстанок.
Содржината продолжува под рекламата
Борец ќе добие помош и од прволигашка екипа, тоа е ФК Тиквеш, кој ќе му отстапи неколку фудбалери за првиот тим, во битката за опстанок. Најавена е и помош од Град Велес во следниот период.
Од ФК Борец велат дека постоечкиот играчки кадар е задржан, а најавуваат и неколку засилувања. Подготовките за продолжетокот на првенството почнаа од денеска.
Можеби ќе ве интересира: