Без воопшто да се двоуми и да размислува за својот живот, 36-годишниот велешанец Ерѓул Усеинов завчера влегол во реката Вардар во центарот на Велес, за да спаси давеник.
Како што дознава ,,Фокус”, маж на возраст од 71 година ја прескокнал оградата помеѓу двата моста и се фрлил во реката, и во тој момент бил забележан од Ерѓул, пренесува ФОКУС.
Имало повеќе очевидци на настанот, а Ерѓул веднаш потрчал и решително влегол во реката, додека давеникот веќе почнал да тоне и да не дава знаци на живот.
Успеал да го фати, го извлекол на крајот, а уште едно лице му помогнало да го извадат на брегот.
Лицето било без знаци на живот, и во тие моменти на неизвесност Ерѓул започнал да му дава прва помош. За кратко, давеникот се повратил и ги отворил очите.
Бил траспортиран во велешката болница, но вчера наутро поради компликации на неговата здравствена состојба, починал.
Настанот за ,,Фокус” го потврдија од СВР Велес.
За велешани младиот Ерѓул кој го ризикуваше својот живот е херој. На социјалните мрежи посветени на градот тој добива коментари со признание за човечноста и брзата реакција во клучните моменти.
„За време на вакви ситуации, кога секоја секунда е важна, некои луѓе стојат настрана и гледаат, некои пак веднаш реагираат и пружаат помош. Да се стави на коцка сопствениот живот, за да се помогне на човек кој дури и не го ни познавал, е навистина храбар потег. Ерѓул заслужува да му се додели општинско признание за неговата пожртвуваност, без оглед на крајниот исход на настанот“, коментираат неговите сограѓани.
Веста е преземена од FOKUS.MK
Можеби ќе ве интересира: