Лицата со посебни потреби и фолклорните ансамбли од Велес, Штип, Неготино и Кавадарци со заеднички концерт. Вчера во салата „Бели мугри“ во Велес, во организација на ОУРЦ „Маца Овчарова се одржа Фолклорниот фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“.
Ова е Фестивал на лица со посебни потреби потпомогнати од Фолклорните ансамбли од повеќе градови. Пред преполната сала свој настап имаа КУД „ Стоби“- Градско, Средното училиште за деца со посебни образовни потреби „Искра“- Штип, КУД„ Ристо Донев- Учителот“ – Штип, Дневен центар за лица со посебни потреби Неготино, КУД„ Јане Сандански“ – Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Покрај домаќинот ОУРЦ „Маца Овчарова“-Велес, учество земаа и посебна паралелка при ОУ„ Страшо Пинџур“ Кавадарци и Фолклорен ансамбл „Тиквеш“ Кавадарци.
Можеби ќе ве интересира: