Фондацијата „Никола Јанчев“ ги објави имињата на десетте студенти од Кавадарци, кои ќе добијат по 500 евра стипендија за студирање. По детално разгледување на сите пристигнати апликации, комисијата за доделување стипендии на Фондацијата „Никола Јанчев“ одлучи да ги награди Славе Темков, Страшо Наумов, Ирена Дафчевска, Менче Лазова, Иван Камчев, Весна Темкова, Борис Ифтимов, Загорка Јованова, Кристина Јовановиќ и Дијана Ристова.
Од Фондацијата велат дека студентката Марија Трајкова и понатаму ќе остане нивни стипендист се до завршувањето ан нејзините студии.
Новите стипендисти на Фондацијата „Никола Јанчев“ стипендиите ќе ги добијат на свеченост која ќе се одржи во просториите на Кожувчанка.
Оваа фондација неколку години по ред стипендира успешни студенти од Кавадарци, кои имаат запишано најмалку втора година од студиите и имаат просек на оценки над 8. Основана е на во 2018 година, а нејзин основач е Митко Јанчев, актуелен Градоначалник на Општина Кавадарци. Фондацијата има една единствена цел, да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности.
Средствата за донација се од неговата градоначалничка плата, која што ја донира во фондацијата, но и средства од компанија Кожувчанка.
Можеби ќе ве интересира: