ПР текст
Ултра звучен апарат – ЕХО ќе добие Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје, како донација од Фондацијата „Никола Јанчев“ од Кавадарци. Фондацијата ја донесе оваа одлука на големиот верски празник Св. Никола, кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви. Токму од членови на ова семејство и од семејната компанија „Кожувчанка“ се обезбедени финансиските средства за донацијата во висина од 30 илјади евра.
„Во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година и Одлуката на Одборот на фондацијата „Никола Јанчев“ Кавадарци, финансиските средства од 1.800 000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството“, велат од Фондацијата.
Содржината продолжува под рекламата
Ова година по втор пат, Фондацијата „Никола Јанчев“ од Кавадарци доделува донација. Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно. Оттаму посакуваат: Среќни и весели новогодишни и божиќни празници.
Можеби ќе ве интересира: