КМФ Кеги Моби со победа од 4:2 на гостински терен во Слупчане, против Форца 2015 ја заокружи есенската полусезона. Велешани завршија на четвртата позиција на табелата со освоени 18 бода.
Велешани натпреварот го добија со пресврт во вториот дел, откако домаќините имаа водство од 1:0, и 2:1. Екрем Мемеди стрелаше два пати во првиот дел, додека Иван Николовски и Зоран Трајков два пати го израмнуваа резултатот.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел Адил Адиловиќ го донесе составот на Кеги Моби во водство, а печат на победата стави Петар Левков за конечни 4:2, за Кеги Моби.
Можеби ќе ве интересира: