30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Формирана Комисија која треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатот

zgrada na vlada na rsm

Владата на седница ги утврдила членовите во Комисијата за утврдување на репрезентативност која треба да ја утврди репрезентативноста кај Сојузот на синдикати. Екипирањето на оваа Комисија е важно за да може да се продолжат преговорите меѓу социјалните партнери меѓу кои и барањето на синдикатите за зголемувањето на минималната плата.

Zito akcija 640x289px

Од владината прес-служба информираат дека во Комисијата се предложени по еден претставник од Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за правда, без повеќе детали.

Agria

Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите неколкупати досега рече дека прво мора да се утврди репрезентативноста на синдикатите, а потоа на седница на Економско-социјалниот совет да се разговара за минималната плата.

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а Сојузот на синдикати бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак изјавија дека пари во Буџетот за оваа намена не се планирани. Се согласуваат со секое решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, но со целосно подмирени трошоци од страна на работодавачите. 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: