(ФОТО) Башкими храбар, но Детонит ја покажа класата и заслужено оди понатаму во Купот на Македонија

Фудбалерите на Башкими од село Јаболчиште го одиграа својот прв историски натпревар во шеснаесетфиналето од Купот на Македонија, но беа поразени со 4:1 од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш. Средбата се одигра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес. И покрај поразот, ова беше значаен ден за Башкими, кој за првпат стигна до оваа фаза во националниот куп и гордо се претстави на големата сцена.

Натпреварот започна динамично, со Детонит кој поведе преку велешанецот Филиповски Стефан во 19. минута. Само седум минути подоцна, Смилков Александар го зголеми водството на 2:0. Башкими не се предаде, во 28. минута Аљбим Јашари успеа да го намали резултатот на 2:1, враќајќи надеж за тимот од Јаболчиште.

Agria

Сепак, искуството и физичката подготвеност на второлигашот си го направија своето во второто полувреме. Харун Лиманов во 69. минута постигна гол за 3:1, а во судиското надополнување (90’+3) Јанев Славчо ги постави конечните 4:1 за Детонит Плачковица.

Иако елиминирани, играчите на Башкими можат да бидат горди на себе – настапот во шеснаесетфиналето е голем успех и поттик за понатамошен развој на клубот и фудбалот во село Јаболчиште.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: