По пет години пауза велешани од наесен ќе гледаат ракомет од најквалитетната лига. Бисинов Фруитленд со победата над Драчево со резултат 41:35 и математички обезбеди пласман во ракометната елита.
Велешани уште од старот на натпреварот поведоа и тоа водство не го испуштија до крај. На полувреме се замина со предност од 21:16. Во 45 минута Бисинов Фруитленд имаше и девет плус. На теренот добија шанса и младите ракометари кои покажаа дека има иднина за велешкиот ракомет.
Текстот продолжува под рекламата
Со оваа победа Бисинов Фруитленд остана единствен тим кој е непоразен сезонава во Македонија. До крајот на првеството останува уште три натпревари против Металург РА, Јехона и Младост Богданци.
Можеби ќе ве интересира: