Фудбалерите на Борец се поразени со резултат 1:4 против вториот состав на кавадаречки Тиквеш во рамки на подготовките за новата сезона.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите први дојдоа во водство, а со голот на Александар Јордановски на полувреме се замина со резултат 1:1. Во вториот дел тренерите им дадоа шанса на сите фудбалери од клупата. Неискуството на велешани го искористија гостите за конечни 1:4.
Содржината продолжува под рекламата
По подолго време на теренот се врати и Тале Трајков, кој го засили тимот на Борец, со цел враќање на клубот во Втората фудбалска лига.
Велешката публика беше сведок на еден нов Борец составен од млади и перспективни играчи од Велес. Иако се кратко во тренажен процес, младите фудбалери на Борец покажаа дека имаат квалитет за враќање на клубот на старите патеки.
Можеби ќе ве интересира: