
Фудбалерите на Борец ремизираа (2:2) со екипата на Осогово од Кочани на третиот контролен натпревар за време на своите подготовки за пестојната второлигашка сезона.
Содржината продолжува под рекламата
Првото полувреме се играше без многу шанси за гол. Сепак гостите подобро се снајдоа по една слабо расчистена ситуација на домашната одбрана за 0:1 на полувреме.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел подобра игра на велешани која резултираше со два ефектни гола на Пеце Стојанов. Најпрво во 60 минута по еден одлично изведен слободен удар израмни на 1:1, а во 85 минута по втор пат го матираше гостинскиот голман.








И кога сите на стадионот „Зоран Паунов“ очекуваа крај на натпреварот, гостите го израмнија резултатот, за конечни 2:2. Следниот контролен натпревар за Борец е во сабота.
Можеби ќе ве интересира:
- „Ифигенија за ништо“ на Драмски театар ги собра наградите на 22. издание на ИФАД „Стоби“
- Во пожар во дом за пензионери во Тузла загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи
- Поради отпаднати делови од приколка на возило, автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај
- Променливо облачно со сончеви периоди
- Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

















