(ФОТО) Дотерани и насмеани: Фудбалерите тргнаа кон Букурешт

Репрезентацијата на Македонија ги одработи подготовките пред историскиот деби-настап на Европското првенство. Денес, дојде време за националниот табор да се упати кон Букурешт, каде што в недела се игра првиот натпревар против селекцијата на Австрија. Со посебен дрес-код, Македонија со стил отпатува на Европското првенство, максимално почитувајќи го овој историски настан. 

Zito akcija 640x289px

Веќе речиси две седмици македонските фудбалери тренираа во главниот град на земјава, а сега комплетни отпатуваа за Романија. Игор Ангеловски на располагање ги има сите 26 репрезентативци кои ги одбра, откако викендов во тимот се врати и Енис Барди кој беше позитивен на ковид-19. По направени тестови на ковид-19, резултатите се негативни на сите членови на експедицијата, што може само да радува пред големиот настан.

Agria

Репрезентативниот табор го одбра Букурешт и стадионот на Стеауа како тренинг база, па таму ќе ги доработи подготовките и ќе ги игра првите два натпревари. Подоцна, Македонија ќе се упати кон Амстердам за третиот натпревар против Холандија, но доколку коцките се поклопат и се пласира во нокаут фазата, тимот ќе се врати во Букурешт или ќе фати пат за Будимпешта или Лондон.

May be an image of 15 people, people standing, suit and indoor
May be an image of 1 person and standing
May be an image of 3 people, people standing and footwear
May be an image of 1 person, standing and outdoors
May be an image of 1 person and standing
May be an image of 3 people and people standing
May be an image of outdoors

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: