Монтирањето на кино-опремата во салата „Бели Мугри“ е во завршна фаза и Велес наскоро ќе добие модерна кино-сала. Инсталирана е современа кино-апаратура, со DCP (Digital cinema projector) и звук во 5.1 сараунд, што овозможува проекции според највисоките светските стандарди и проектирање на сите светски блокбастери.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на својата фејсбук страница денеска објави фотографии од последните подготовки на салата, која е реновирана и адаптирана за новата намена која ќе ја има.
„Денес беше монтирано големото платно и дел од другата опрема.
Салата ,,Бели мугри” е во ново руво, и е подготвена за кино проекции со најсовремена дигитална опрема“, соопшти градоначалникот Коцевски.
Според најавите, планирано е киното да се отвори со премиера и проеција на домашен, македонски филм.
Велес нема кино повеќе од 20 години, откако престана да работи киното „11 Октомври“ во центарот на градот.
Погледенте како изгледа кино-салата „Бели Мугри“:
Можеби ќе ве интересира: