(ФОТО) Љупчо Димитковски – Гањо: Местото на Борец му е во повисок ранг

Фудбалерите на Борец вчера и официјално означија старт на подготовките за пролетниот дел од Третата фудбалска лига – Југ. Со првата прозивка, новиот шеф на стручниот штаб Љупчо Димитковски – Гањо означи почеток на подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Согласно планот и програмата, екипата подготовките ќе ги работи во Велес, а договорени се и четири подготвителни натпревари како би ја кренале формата пред стартот на првенството. Очекуваме да ни се приклучат уште две засилувања со кои би атакувале на првото место во лигата кое обезбедува бараж дуеч за влез во Втората лига. Местото на Борец му е во повисок ранг“, изјави новиот тренер на Борец, Љупчо Димитковски – Гањо.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како што и претходно објави batali.net, Борец се засили со Димче Ставревски, Кристијан Маневски, и Пеце Стојанов од ФК Превалец, како и со Кирил Ивановски, Виктор Перчинков и Стојанче Костадиновски.

Пролетниот дел од Третата фудбалска лига – Југ стартува на 10 март. Борец е на втората позиција на табелата со освоени 23 бода, два помалку од лидерот Големо Коњари.

Можеби ќе ве интересира: