Младите фудбалери на Фудбалската школа Борец Јуниор од Велес, од генерацијата 2015, го освоија меѓународниот фудбалски турнир во Сандански, Република Бугарија, кој се одржа изминатиот викенд и траеше четири дена. Дечињата предводени од тренерот Марјан Јаковлевски се искачија на врвот во конкуренцијата за фудбалери родени 2015 година.
За тоа дека Велес има фудбалска иднина говори и фактот дека и фудбалерите од генерацијата 2016/17 година, го освоија третото место на овој силен меѓународен фудбалски турнир во Сандански Република Бугарија.
Борец Јуниор важи за фудбалска средина која со многу работа и искрена желба на управата за напредок на овие деца како и во минатото така и во иднина да вади репрезентативци на Македонија.