Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов се дел од македонската репрезентација во рафтинг која за прв пат зема учество на Светското првенство во рафтинг кое се одржува во Валтелина, Италија од 26 јуни до 1 јули.
Содржината продолжува под рекламата
По првото возење кое денес се одржа на патеката на реката Ада, македонската репрезентација го освои 26 место од вкупно 42 репрезентации, со заостанување од 7.4 секунди зад лидерот Јапонија и обезбеди пласман меѓу најдобрите 32 репрезентации.
Содржината продолжува под рекламата
Веќе утре следуваат натпреварите од нокаут фазата, каде понатамошен пласман ќе обезбедат најдобрите 16 репрезентации.
Можеби ќе ве интересира: