Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес се одвива комбинирано, со воз и автобус.
Содржината продолжува под рекламата
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), според информациите што ги добиле од „Македонски железници“, прекинот на железничкиот, патнички и товарен сообраќај, меѓу станиците Кукуричани и Градско (во близина на Стоби), е во прекин од вчера од 15:25 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Сепак, како што додаваат од ЦУК, патничкиот сообраќај се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.
Патниците што патуваат со воз од Скопје од станицата кај Градско го продолжуваат патот со автобус. Исто така, оние што со воз ќе тргнат од Гевгелија од Криволак патот ќе го продолжат со автобус. Од ЦУК велат дека во текот на денешниот ден на терен треба да излезат експерти од Градежниот факултет во Скопје за да извршат увид на состојбата.
Можеби ќе ве интересира: