(ФОТО) Повреден млад велешанец во судар на мотор и автомобил кај Стар мост

Млад велешанец е повреден денеска во сообраќајна несреќа, откако со неговиот мотор со кој управувал, се удрил со автомобил. Несреќата се случи околу 13:20 часот, во близина на Стар мост. По несреќата веднаш била повикана брза помош.

Zito akcija 640x289px

„Сообраќајната несреќа ни беше пријавена во 13:25 часот и кога стигнавме на местото, затекнавме мотоциклист, роден 2000 година, со површни повреди на потколеница. Згрижен е на лице место и транспортиран на хирушко одделение во велешката болница“, изјави др. Васе Пановска Поп Стефанова, началничка на Итната медицинска помош во Велес.

Agria

– реклама –

– реклама –

Од велешката болница велат дека по укажаната помош, пациентот е пуштен дома.

„Донесен е пациент на одделот за хирургија од страна на ИМП на 18 г. возраст, повреден во сообраќајна несреќа , пациентот се здобил со лесни телесни повреди, направени потребни иследувања и пуштен на домашно лекување“, рече др. Елеонора Јованова, портпарол на велешката болница.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: