
Шест лица припадници на криминална група се уапсени во синоќешната акција на полицијата во Прилеп, а уапсените се на возраст од 31 до 41 година и истите се сомничат за продажба на дрога, а во овие криминлани активности, вмешани се и полицајци за кои се води истрага.

„Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Криминалната банда била следена од септември лани, од кога полицијата заедно со обвинителството спроведува истрага за недозволена продажба на хероин, марихуана и амфетами на подрачјето на Прилеп.
Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.
Moжеби ќе ве интересира: