(ФОТО) Страотна сообраќајна несреќа во Унгарија, во неа учествуваат над 40 возила

soobrakajka Ungarija nad 40 vozila

Страшна сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на автопат во Унгарија. Повеќе од 40 камиони и автомобили биле дел од верижниот судар на 26-от километар од автопатот М1. Веднаш по несреќата избувнал пожар.

Zito akcija 640x289px

Полицијата во Будимпешта соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени, од кои некои се наоѓаат во животна опасност.

Agria
soobrakajka Ungarija nad 40 vozila

Според првичните податоци, во сообраќајката изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои шест се здобиле со животно загрозувачки повреди, а 13 лица се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на настанот пристигнале десет возила на брза помош и три спасувачки хеликоптери, како и пожарникарски екипи.

„Врз основа на првичните информации, во моментов на болничко лекување се наоѓаат 25-30 повредени лица, но тоа се уште не се конечни бројки. Неколку возила се запалени, а истрагата е во тек. Во моментов потрагата за повредените се уште е во тек. Засега првата повратна информација беше дека околу половина од повредените се во тешка состојба, а другата половина се полесно повредени, но на крајот од интервенциите на лице место ќе можам да соопштаам точно колку има и со какви повреди се здобиле. Поради големиот број повредени, ќе ги транспортираме во неколку болници. Со помош на спасувачки хеликоптери тешко повредените многу брзо ќе ги сместиме во подалечни болници“, изјави портпаролот на Националната служба за брза помош Пал Ѓерфи.

Можеби ќе ве интересаира:

https://batali.net/36804/trgovczi-ke-platat-15-600-evra-oti-ne-ja-zamrznale-czenata-na-lebot/