(ФОТО) Утре во Велес се одржува „Љубомир Коцев – Листон 2023“

boraci-borec-4
boraci-borec-4

Утре во Велес се одржува традиционалниот меморијаелен боречки турнир „Љубомир Коцев – Листон 2023“, во борење слободен стил за пионери и кадети во организација на БК Борец. На турнирот ќе учествуваат сите екипи од Македонија, а ќе се одржи во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 11 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите стари борачи од Велес кои некогаш се бореле и сите љубители на борењето да проследат квалитетни борби од нашите надежни борачи. Борбите ќе започнат во 11 часот, а во 13 часот ќе имаме свечено отварање на турнирот по што ќе следат финалните борби по што ке следи доделување на медалите за најдобрите во своите категории“, изјави Игор Мицевски тренер на Боречкиот клуб Борец.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Досега се пријавени 16 клубови учесници со преку 100 борачи. Боречкиот клуб Борец ќе учествува со 16 борачи во сите категории. Влезот е бесплатен, а од клубот очекуваат масовна посета.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: