Велешката полиција синоќа продолжи со превентивните активности за носење заштита од коронавирус и одржување растојание од минимум два метри. Овие активности се насочени претежно кон младите граѓани, кои во вечерните часови се дружат меѓу себе во „Младински парк“, училишниот двор на Гимназијата, кај кружниот тек кај фонтаната во Нова населба и дворот на Основното училиште „Васил Главинов“, но и додека се движат низ градот.
Екипата на Батали.нет синоќа беше со патролата на СВР Велес. Според она што можеше да се забележи, младите велешани најчесто ги почитуваат мерките за заштита, но имаше и такви кои своите маски или ги носат спуштени или воопшто не ги носат.
Поради непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, полицијата објави дека вчера казнила 33 граѓани на Велес со по 20 евра во денарска противвредност. Доколку казната се плати во рок од осум дена, таа ќе изнесува половина од предвидената сума.
Во продолжение, погледнете ја галеријата со фотографии од синоќешната превентивна патрола и видеото кое го снимивме.
Поврзани вести: