(ФОТО+ВИДЕО) Катастрофална е состојбата на помошното игралиште во градскиот парк

pomosno igraliste veles
pomosno igraliste veles

Помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк во Велес, кое беше изградено со пари од ФФМ, по само една година е запуштено и обраснато со трева.

Zito akcija 640x289px
pomosno igraliste

Иако ова игралиште беше најавувано како модерен спортски објект, на кој освен Борец и локалните екипи, на него ќе се играат и меѓународни натпревари за помлади категории, за него никој не се грижи и повеќе личи на пасиште, отколку на игралиште.

Agria
pomosno igraliste Veles

Помошното игралиште до ден денешен не ја виде светлината на денот. Со инвестиција од околу 400 илјади евра, кои ги обезбеди Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), се постави нова подлога на теренот, се посеа природна трева, автоматски систем за полевање, но се изградија и нови трибини.

Во каква состојба е денеска теренот можете да погледнете во видеото.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: